Ново поскапување на дизелот, почна растот и кај бензините

Ново поскапување на бензините и на дизелот. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе Одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2 проценти во однос на одлуката од петокот. Минатата недела РКЕ во три наврати ги промени нагоре цените на дизелот, но со денешната одлука поскапуваат и бензините. 

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за денар и половина, дизелот поскапува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2 денари за литар.

Својата одлука за поскапувањето, Комисијата ја темели на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка и тоа – кај бензините за 6,182 проценти, кај дизелот за 2,172 отсто, а кај екстра лесното масло за 6,442 проценти. 

Од утре или од ноќеска по полноќ моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5 денари за литар, а дизел горивото ќе биде 73 денари за литар.

Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) се зголемува на 72 денари за литар додека на мазутот на 41,687 денари за килограм. 

Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Италија одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на повереници, во обид да избегне затворање поради претстојното ембарго на руската нафта преку море

Италијанската влада во четвртокот одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на…