Новите цени пристигнаа во супермаркетите – еве колку ќе поскапи сирењето, кашкавалот, јогуртот

Поскапуваат млечните производи.

Во супермаркетите ширум земјава веќе се пристигнати новите ценовници на производите од млеко.

Поскапувањето, како што се зборува, ќе изнесува од 5 до 30 денари на секој млечен производ, почнувајќи од киселото млеко и киселата павлака, па сѐ до топеното сирење и овчиот кашкавал.

Освен ова основно поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Па така, омилениот јогурт кој досега го купувавте за 80 денари, отсега ќе чини околу 90 денари. Омилениот кравји кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари.

Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.

-Најмногу се троши урдата поради тоа што е најевтина. Ја купуваат луѓе наместо сирење и кашкавал. Сега пред некој ден шефовите нѐ информираа дека пристигнале нови ценовници за млечните производи, па деновиве ќе си имаме прилично многу работа за да ги промениме цените на рафтовите, но и во компјутерскиот систем. И сега очекуваме дополнително да се намали продажбата на млечните производи, бидејќи поскапувањето на некои производи изнесува и 30 денари. Производите си стојат на рафтовите, никој не ги ни погледнува, а рокот им изминува. Ние и досега добиваме реакции од муштерии за високите цени, а можам да замислам што ќе се случува по поскапувањето – ни изјави вработена во познат супермаркет во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави