Бројот 193 е број на скопскиот инспекторат кој денеска повторно е објавен на ФБ страната на инспекторатот на кој граѓаните може да пријават загадувач во градот Скопје. Доколку видат или почувтствуваат дека некој загадува со палење несоодветен материјал или опасен веднаш може да пријави на бројот 193 и службите ќе реагираат.
На оваа објава стигнаа различни реакции од граѓаните. “Нека дојдат нека прошетаат низ Лисиче после 5 сите ќе ги најдат”, пишуваат граѓаните.
Има и такви кои веќе го употребиле овој начин на пријавување и се задоволни.
“Кампања на ФБ и на ТВ зашто луѓево појма немаат кај да пријават и немаат никаква доверба дека ако пријават ќе се раегира.
Треба да се охрабрат сите да пријавуваат. Јас имам позитивно искиство пријавив палење кабли реагираа за 5мин.
Треба исто нон стоп патроли и надзор со дрон и одма ќе се види кај има густи чад има ј диво палење.
Исто треба да се биде на чисто и да се појасни, дали можеме да пријавуваме комшии кој бутаат се и сешто во ќумбињата”, пишуваат скопјани.
Поврзани објави
Запален автомобил на полициски функционер во Чаир
Автомобил на полицаец на високи позиции во СВР Скопје бил запален вечерва во Чаир, дознава 24 Инфо. Инцидентот…
(ФОТО) Мицкоски и Заев се сретнаа на Водици во Охрид
Лидерите на партиите од владината техничка коалиција Зоран Заев и Кристијан Мицкоски се сретнаа на пристаништето во Охрид,…
ВМРО-ДПМНЕ предупреди, може да не гласа за пописот
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема да го поддржи оддржувањето на пописот во април следната година ако власта не го…
Пуштен на слобода човекот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ
Алсин Левент (35) кој што ја предизвика сообраќајката во која што загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ пуштен…