Во Ѓорче Петров се уште се чуваат над 16 тони ракетно гориво кое порано се користело за противградобијните ракети. Овој отпад е опасен поради радиактивноста и опасноста од евентуална експлозија. НАТО побарале од домашните власти да се уништи ова гориво, но никој досега не преземал ништо за отстранување на оваа опасна материја. Од компанијата Макпетрол, во чија сопственост се просториите каде што е складиран овој вид на гориво, за Алсат М телевизија велат дека складираните материјали и припаѓаат на Владата и дека таа е надлежна за нив.
-Макпетрол е сопственик на недвижниот имот каде што се наоѓаат објектите на Темко, во кои се чуваат работи кои се во сопственост на Република Македонија.
Владата го признава постоењето на ова гориво во просториите на Темко. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека отстранувањето треба да се направи преку почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност кон јавноста.
Поврзани објави
Сопругата му исчезнала во Словачка
Скопјанец пријавил дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27.07.2018 година заминала за Р.Словачка на работа по претходен договор преку…
Помош за семејството во Скопје чија куќа изгоре на првиот ден од новата година
Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“.…
Георгиевски: Гоце Делчев пишувал на бугарски јазик, тоа во Македонија никаде не се зборува
Гоце Делчев пишувал писма на официјален бугарски јазик. Тогаш секој знаел да пишува бугарски, а тоа во Македонија…
СЗО: Не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата
Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“…