Триесет и шестмина се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, соопшти пред малку Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка, пишува во соопштението.
По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.
Поврзани објави
Фото: Избрани македонските инфлуенсери на годината
Трет пат по ред, вчеравечер се одржа „U&Z Influencer Awards”, избор за инфлуенсери на годината во организација на…
Вртоглаво растење на бројот на новозаразени со корона во Грција
Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566…
Зошто пропадна Џејми Оливер? Судбината на “Голиот готвач”
Во текот на последните две децении, Џејми Оливер бил еден од најпознатите телевизиски готвачи на светот, а до…
Првата вечер по поставувањето украдени клупи со поглед кон Калиманско Езеро во Македонска Каменица
Поставените клупи од ЈП „Камена Река“ со поглед кон Калиманско Езеро, првата вечер по поставувањето се украдени. Истите…