Одземен имунитетот на пратеници осомничени за крвавиот четврток

Без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници.Со поединечно изјаснување за секој од шестмината пратеници за кои пристигна барање од Судот, собраниската комисија денеска едногласно одобри да им се одземе имунитетот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски, како и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија се меѓу 36 осомничени за крвавиот четврток.
Комисијата сега треба да го информира Собранието за својата одлука, по што, за одземањето на имунитетот на пратениците треба да гласа и мнозинството во законодавниот дом и тоа во рок од три дена.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Ексминистерката за култура со службената картичка во Лондон купувала подароци, куфери, хулахопки и чорапи – тврди ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како…