Почина уште едно лице, вкупно 14 загинати во големата трагедија

Уште едно лице почина по стравичната сообраќајка на патот Скопје-Тетово. Бројот на жртви се искачи на 14.

Меѓу загинатите има и млади лица на возраст меѓу 25-30 години чиј идентитет се уште не е познат, а мобилизирани се сите расположиви сили на медицинските центри во Скопје кои непрекинато се посветени на борба за животите на луѓето во критична состојба, како и мониторинг и нега на повредените патници кои се во стабилна состојба.

Меѓу повредените има и бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Оваа трагедија ја зави Македонија во црно. Граѓаните изразуваат сочувство до семејствата на загинатите.

Следниве два дена се денови на жалост.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Рено си оди од Русија?

Управниот одбор на Групацијата Рено едногласно го одобри потпишувањето на спогодбата за продажба на сите акции што ги…