Денеска во кривичниот суд се одржа колегиум на кој присустваа повеќето судии од најголемиот суд во државата односно околу 50 тина. Ним претседателот на судот Иван Џолев им го соопштил новиот распоред според кој многумина од прекршоци се враќаат во “заграда” како што велат судиите, а дел кои беа актуелни последниве неколку месеци одат во бараките во парк.
Колегиумот поминал мирно што и се очекуваше со оглед дека последниов период колегите кои биле во контакт со претседателот на судот тивко го искажале својот став дека каде и да се распоредени нема да поднесат приговори.
Така и на колегиумот од 50 тината судии само еден се побунил и му рекол на претседателот :”Зошто ме менувате кога 15 години сум кривичар”, на што му било одговорено дека на досегашното место слабо решавал предмети.
На седницата не присуствувал поранешниот претседател Владимир Панчевски, кој е во одделот за прекршоци и до сега имаше многу недоразбирања и јавни препирки со новиот претседател.
Поврзани објави
Обвинителот Рустеми од СЈО дава изјава во ЈО
Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ…
Затворска казна од 18 години за Ангелче Николов кој усмрти 11 годишно девојче на пешачки во Велес
Велешанецот кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што…
Кацарска: Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели
Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој…
Груевски: Судиите се уценети , ова се политички процеси утре не одам во суд !
“Ова се политички судски процеси. Очигледно е дека правните аргументи не може да ја победат политичката нарачка.Нема да…