Косово не знае каде се обвинетите бегалци за “Монструм”

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Мустафа по вчерашната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

„Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на распит – истовремено бара нов мандат во обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска…
Повеќе

Кацарска до Судски Сoвет: Jавно кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, згрозена сум

Бев згрозена од изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, односно од нејзиното сведочење во случајот „Рекет“,  со оглед дека…