Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник. Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28-годишна возраст. Бил во притвор оти е осомничен за извршено разбојништво.
Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот. Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.
За настанот се известени сите надлежни институции и ќе се истажува како притвореникот останал сам без надзор и успеал да се обеси без да биде забележан од ниту една служба и другите притвореници во затворот. Ке се истражуваат и причините зошто притвореникот решил вака да си го одземе животот.
Поврзани објави
ВИДЕО | Спасовски за Мијалков: Тој што е приведен има само една мисла во глава – како да избега и ништо другo
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Утрински Брифинг се осврна на пропустите поради кои околу…
Убиецот осуден на доживотен затвор, најден на таван во „Идризово“
Албанскиот државјанин А.Д., кој е осуден на доживотна робија за извршени разбојништво и убиство, кој успеал ноќеска да побегне…
Затвореници во Идризово се степале за името Република Македонија
Во полуотвореното одделение на КПУ Идризово се степале затвореници по што едниот завршил во болница, а другот во…
Катица е подобра , се враќа во “Шутка”
Поранешната Специјална обинителка, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во…