“Идризово” гори , затворениците пеат : “Се запали пиле Трено приемното”

Во пожарот кој избувна претпладнево во затворот Идризово нема повредни ниту затвореници ниту вработени. Пожарот избувнал од кровот кој целосно изгорел и паднал во приемното одделение. Овој дел е целосно уништен.
Затворениците додека траел пожарот гледале од своите соби и спонтано почнале да ја пеат песната “Се запали пиле Трено одајчето”, но прилагодена на ситуацијата, па пееле ” Се запали пиле Трено приемното”.
Иако некои информации се дека пожарот е подметнат сепак ова не го потврдува официјално ниту една инстутција. Се испитува дали пожарот е можеби предизвикан од електричната инсталација многуте жици и бандери со кои се спроведува струја до затворот. Поради силниот ветер последниве 24 часа многу од бандерите се искривени, жици откорнати и опасни токму за вакви ситуации.

фото ; Lajm.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави