Утрово во Основниот суд 1 во одделот за прекршоци се случил тежок инцидент кога вработен во судот упаднал во судница на судија и почнал да му се заканува, дознава Досие. Настанот се случил во судницата на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, а лицето кое го нападнало е Горан Стаменковски раководител во судот и еден од луѓето блиски соработници на актуелниот претседател Иван Џолев.
Била повикана и интервенирала полиција. Бил известен и дежурен обвинител , од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.
Ова не е прва пријава за насилство за Стаменковски. Тој беше актуелен во јавноста кога пред неколку месеци физички нападна вработена во судот исто така во канцеларија на судија. Тој беше соработник на Панчевски, но потоа му стана лут непријател.
Поврзани објави
Талат Џафери денеска ќе сведочи на судењето за организаторите на 27 април
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април…
9 години затвор за злоупотреби со набавка на возила во МВР
Девет години затвор изрече судијата Добрила Кацарска во Кривичниот суд за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот…
Чавков излезе од притвор, го пречека ќерката, Лазаров ја чека одлуката на Апелација
Попладнево од истражниот затвор Шутка излезе Митко чавков кому судот му дозволи да се брани од слобода со…
Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки
Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот…