Почина бебе родено дома

Во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево вчера во 01,30 часот било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало.

МВР денеска соопшти дека бил извршен увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција. Се работи на расчистување на случајот

Total
0
Shares
Поврзани објави