Почна и се одложи случајот Монструм за убиството кај Смилковско езеро. Обвинителот само го прочита старото обвинение без да додаде обвинети на кои има се суди во друг предмет.Обвинението го застапува нов обвинител на местото на Гордана Гешкоска.
Предметот го суди и нов судија Огнен Ставрев кој е и актуелен сериозен кандидат за претседател на Апелациониот суд во Скопје.
Во судницата беа обвинетите кои по напатствијата на Врховен се бранат од слобода, нивни роднини и медиуми. Но ниту еден од роднините на момчињата убиени кај Смилковско езеро не дојде во судницата. Нив ги застапаува адвокат, а судијата појасни дека немало потреба да ги повика а ако сакале може да присуствуваат во секое време.
Одбараната на обвинетите бара симнување на потерниците за двјца обвинети кои се недостапни односно се во Косово и не се екстрадираат. доколу се симнат потерниците тие би дошле и би се бранеле од слобода тврди одбраната. Исто така бранителите на обвинетите очекуваат во судницата да се појави и обвинител од Специјалното јавно обвинителство.
Сличајот Монструм по изречените доживотни долгогодишни затворски казни Врховниот суд го врати на повторно судење по барање на самото обвинителство поради нерасчистени околности околу мотивите и извршителите.
Убиството се случи на Велики четврток 2012 година кога беа убиени 4 момчиња и рибар.
Поврзани објави
50 илјади евра отштета за затвореник, изгубил бубрег и слезина ,го претепал затворски чувар
Затворениот кој пред четири години во затворот Идризово беше крвнички претепан од надзорник односно затворски чувар , деновиве…
Апелација го одби барањето на Мијалков да излезе од притвор – 11 милиони евра не се доволна гаранција
Мијалков останува во затворот во Шуто Оризари, откако Апелациониот суд на нејавна седница одлучи да ја одбие жалбата…
Русковска тврди дека Груевски бил испитан за плацевите на Водно
Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска тврди дека Никола Груевски, кој е во бегство, е испитан за случајот…
Милошоски: Обвинителката материјалот ќе го вклучи во предметот за “Меѓународен сојуз”
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предаде аудио снимката, која…