Грчки борбени авиони денеска за прв пат со дозвола од македонските власти го прелетуваат нашето небо. Станува збор за два прелети од 7.30 до 9.30 часот како пробно тестирање во рамки на НАТО-договорот, според кој одредена земја го чува небото на друга членка доколку таа ги нема потребните ресурси за тоа.
Прелетувањето на македонскиот воздушен простор е за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ а на тестот ќе се изврши проверка на комуникациите и радарската покриеност. Инаку грчките ловци, според договорот на двете владини делегации во Скопје, ќе го чуваат македонското небо штом Македонија ќе стане полноправна земја-членка на НАТО.
– Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност. – соопшти Министерството за одбрана.
Инаку „Air Policing“ е мирновремена мисија.
Поврзани објави
Забрана за носење невакцинирани деца го градинка, прогласена епидемија на морбили во Скопје
Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили на територија на градот Скопје. Причината е поради 12 нови случаи.…
Мицковски за Фокус – Не се сретнав со Груевски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше присутен во штабот на Фидес на Виктор Орбан, во Будимпешта, каде…
Најпродавани магнети со ликот на Хитлер изложени до Музејот на Холокаустот во Скопје
Магнети со ликот на Хитлер на големо се продаваат на тезги во Старата скопска чаршија, во непосредна близина…
Две 4-годишни деца се во домашна изолација, по појавата на коронавирус во Македонија
Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека другите лица кои патувале со заболената патничка во комбето ќе останат во…