Српскиот Парламент денеска усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се укинува затворска казна од 30 до 40 години и се воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела.
Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, бремена жена и немоќно лице, што е во согласност со предлог од фондацијата „Тијана Јуриќ”, поддржан од страна на околу 160.000 граѓани.
Казната доживотен затвор е проширена и на сите други кривични дела што се казнуваа со 30 до 40 години.Tие дела се убиства на претставници на највисоките државни органи, сериозни кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, здружување заради вршење кривични дела, геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства против цивили, тероризам …
Предвидено е осудено лице на доживотен затвор да може условно да се ослободи по отслужување 27 години затвор.
Поврзани објави
Пожарникарите бараат да не им бидат намалени и така малите плати- нашата хуманост и солидарност сме ја докажале безброј пати
По одлуката на Владата за намалување на платите во администрацијата, а истоврмене изземање од одлуката на полицијата и…
Кој останува ослободен од работни обврски по завршувањето на вонредната состојба?
И по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски: родителите…
Џафери не свикува итна седница за мерките против пандемијата оти опозицијата се мајтапи
Спикерот на Собранието Талат Џафери нема да закаже итна седница, на која треба да се изгласат измените на…
ЕУ бара казнување на напаѓачите на ЛГБТИ активистот Асани
Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија го осуди личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и…