Вандали ноќеска дивееле на Градското шеталиште во Битола, буквално уривајќи канделабри. Сликите кои утрово ги затекнаа битолчани
кои редовно рекреираат на овој дел од Шеталиштето се крајно деструктивни и разочарувачки. Од металните столбови се откорнати неколку канделабри и полегнати на плочките, оштетни се и други кои најверојано насилниците не успееале да ги совладаат. Дури се откинати и жиците од напојувањето со електрична енергија. Дивеењето и правењето неред и безредие на Шеталиштето е се почесто и со поголема штета. Пред некој месец апла.мк објави слики за неред и дивеење на млади на Ќумурното игралиште во Битола.
фото текст : Apla.mk