Ако имате проблеми со дишењето и општа слабост, сте ја прележале короната

Медицински експерти од Израел утврдија дека ова е најчестиот симптом што се јавува кај пациентите кои биле заразени со коронавирусот.

Пулмолошкиот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим во неделата ги објави извештаите од истражувањето со пациенти кои боледувале од COVID-19 и имале од умерено до сериозно боледување.

Истражувањето покажа нешто ново што сите треба да го знаеме: околу 50 отсто од пациентите кои боледувале од COVID-19 почувствувале општа слабост на телото по борбата со вирусот, без разлика дали имале полесна или потешка клиничка слика.

Најмалку половина од КОВИД пациентите и понатаму патат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели, па и месеци по оздравувањето, покажуваат прелиминарните резултати од израелското истражување.

И пациентите со полесна клиничка слика може да имаат долготрајно оштетување на белите дробови, додека оние со потешка клиничка слика не мора нужно да имаат слични потешкотии, велат експертите.

Total
0
Shares
Поврзани објави