ДСЗИ, болницата во Штип да утврди зошто починала 41 годишната пациентка

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, му наредил на директорот на штипската болница, Ален Георгијев  веднаш да ја свика комисијата за следење на квалитет, за да ја утврди фактичката состојба за начинот на лекување на 41 годишната пациентката и околностите кои довеле до нејзина смрт. 

„Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата. Независно од работата на комисијата, во текот на денешниот ден, ДСЗИ ќе иницира стручен надзор до Министерството за здравство, вели за ,,Слободен печат” директорката на инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова.

Семесјтвото на починатата обвинуваше дека нивната роднина не добила лекарско внимание, односно дека не можела да добие никој од медицинскиот кадар да и донесе боца кислород во последните мигови од животот.

На инфективното одделение во Штип каде се хоспитализирани ковид пациентите, во една смена работат само четири медицински сестри и тројца доктори, за вкупно 55 пациенти кои се во болнички кревет. 

Таму нема систем со кој хоспитализираните пациенти комуницираат со лекарите или сестрите и како алтернатива им било оставен телефон каде можат да се јават за помош.

Total
0
Shares
Поврзани објави