Ако сакаме членство во ЕУ ќе мора да ги решиме споровите со Бугарија

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, ги повика македонските власти да ги надминат разликите со Бугарија затоа што добрососедски односи се услов за членство.

„Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија дадоа позитивен пример за регионот и пошироко. Важно е овие билатерални договори да продолжат да се спроведуваат. Ги охрабруваме обете страни да ги удвојат своите напори да најдат решение за отворените прашања“, изјави Писонеро.

Во Европскиот совет не ги коментираат изјавите на Заев и Димитров, но велат дека дискусиите во оваа висока институција на ЕУ се во тек.

„Дискусиите во Советот продолжуваат. Не можеме да ги коментираме изјавите на премиерот и вицепремиерот“, наведоа од Европскиот совет.

Total
0
Shares
Поврзани објави