Ако жената е затворена дома нема можност да направи кривично дело – пишува во учебник по социологија

Активистката Ана Глигорова, една од главните поборници против теророт од извршителите посочува на два примери од учебник по социологија за втора година, во кој децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал.

Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело.

Според авторите на учебникот по Социологија за втора година гимназија, жената ако е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело. Проблематично е-
1) Зошто да биде жената затворена во домот? Затоа што е подредена под мажот, па тоа се подразбира?!
2) Ако е затворена (деструкција на квадрат) нема да прави кривични дела? На пример може да поттикне некого со зборови да направи крвично дело, баш затоа што е изолирана. Или, едноставно од насобран гнев да направи тешко злосторство.

Мамицата во чипка ваша, учите деца. Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани, а овој учебник забранет. МОН се читаме ли?, напиша Глигорова.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

Михаела Довичинска, ќерка на 41-годишна пациентка која починала на штипското инфективно одделение со билатерална бронхопневмонија и Ковид 19,…