Апасиев користи дискриминаторски јазик против ЛГБТ заедницата

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната расправа за изборот на владата, употреби дискриминаторски јазик против ЛГБТ заедницата.

Апасиев сметаше дека Заев требало да си даде оставка по неуспешниот референдум за името.

– Да ми прости ЛГБТ заедницата, но педерски е да играте така. Заев требаше да си даде оставка по неуспешниот референдум за името.Така прават државниците, но не и трговците поединци од Струмица. Сега ќе бевме горди Македонци, а не Северномакедонци. Ова ви се последни избори на кои освојувате повеќе од 40 пратеници, рече Апасиев, кој додаде дека членовите на владата се шверцери на сопствените животи.

На ваквиот непримерен јазик, реагираше и претседателот Талат Џафери, кој рече дека сите имаат право на слобода на говор, но се надева дека таков речник професорот Апасиев не им предава на студенти.

Овие оценки Апасаиев ги изнесе во реплика со пратеникот Дамјан Манчевски, кој зборуваше за образот на мандатарот Зоран Заев, кој си поднел оставка по недобивањето на датум за ЕУ. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави