Битолчанката Мери Тошевска има потреба од донации на хумани граѓни за да го продолжи лекувањето со роботска терапија во поликлиниката „Неоуромедик“ во Ниш, Србија. Таа се движи со инвалидска количка, а медицинскиот третман што го добива таму ја подобрува нејзината здравствена состојба. За да се исправи на нозе мора да продолжи со лекувањето во Србија, а за тоа ѝ се потребни 8000 евра. Сега оваа неуморна и храбра жена и мајка живее со надеж дека ќе успее да ги собере потребните средства и го врати својот чекор. Можете да донирате на следниот мобилен телефон и жиро сметка во банка.

