Апелација: 7 години и шест месеци затвор за дедото на Тамара оти пукаше кон Нино Тодоров

Судскиот совет во Кривичен пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров. Апелациониот суд иако еднаш ја укина пресудата , по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна.
„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе првата пресуда во судница. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука, но и целото семејство. Не беше во добра здраствена состојба особено откако дозна дека родителите на Тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Во судница тврдеше дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски кажа дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа.
Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р’бетот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…