“Апсењетo нa Грујoвски и Бoшкoвски вo Грцијa мoже дa биде тежoк удaр врз безбеднoстa нa земјaтa. Зaвиси oд тoa кoлку мнoгу знaaт и кoлку мнoгу ќе прoпеaт пред грчкaтa кoнтрaрaзузнaвaчкa службa. Не е исклученo и дa пoбaрaaт пoлитички aзил и дa дoбијaт aкo се зaлoжи Нaчaлникoт, нa пример…Зaтoa не е бaш зa рaдувaње вестa зa нивнoтo aпсење тoкму вo Грцијa! Пoследиците мoжaт дa бидaт мнoгу непријaтни зa Мaкедoнијa! Мнoгу…”
Ова е ФБ статус на поранешниот разузнавач Александар Диневски по апсењето на осомничените од СЈО Горан Грујевски и Никола Бошковски вчера во Грција. Тие беа дел од високи полициски структури и беа на позиции каде се слеваат информации за безбедноста на државата и информации од странски служби.
Колку брзо ке биде испораката на притворените никој не може точно да каже. Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов за Дојче Веле појаснува:
„Со оглед дека немаме потишано договор за екстрадиција со Грција, согласно со досегашната практика, депортацијата на двајцата приведени може да се заврши многу брзо со директна комуникација меѓу двете министерства за внатрешни работи. И досега практиката во вакви случаи одеше по скратена постапка и на ист начин. Односно, бараните лица во договорено време се предаваа на некој граничен премин“.
Тоа според него значи дека постапката може да оди и брзо.
Добро упатени познавачи на овие постапки особено кога се работи за лица кои работеле на високи места во безбедносните структури велат дека постапката може да трае и неколку месеци. Официјално засега никој не појаснува како Македонија ќе ги обезбеди осомничените од СЈО – Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои вчера беа приведени од грчката полиција на аеродромот во Солун.
Поврзани објави
Велешанката која партнерот ја давеше и таа со нож го уби, обвинителството бара да ја судат за убиство
Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена постапка, поднесе Обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство…
СЈО се сложува Мијалков да оди дома ама да не користи телефон и интернет
Кривичниот суд одлучува за притворот Сашо Мијалов да го замени со куќен. СЈО попладнево го испрати мислењето до…
Судот го одби Груевски да одложи затворска казна
Судијата за извршување санкции не му го прифатил барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето…
Рускоска: Не очекувам дека во скоро време ќе ми се укаже можност да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски
Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, денеска кажа дека најдоцна до крајот на…