Атанасов: Ако почне наставата во септември ќе се создаде хаос

Поранешниот замени-министер за образование, Петар Атанасов предлага новата учебна година да започне еден месец подоцна, а дотогаш да се создадат сите услови, онаму каде што може за безбедно одвивање на образовниот процес.

Атанасов за Фактор изјавил дека е изгубено драгоцено време за подготовка и ако за време на летото се работело на подготовка за септември ќе било доволно да се преземат сите мерки за да може наставата да почне непречено.

-Во тој период, Бирото за развој на образованието (БРО), да одобри скратена програма, независно на кој начин таа ќе се имплементира. БРО со амин на МОН да собере тим од искусни наставници и тие да кажуваат што да се прави. Да се сведе наставната програма на базичните предмети, да се олабават децата од непотребните предмети. Предметите преку кои се учат вештини да се прилагодат на состојбата, не мора да има оценување по нив. Да се постават дигитални платформи од страна на МОН со помош на ФИНКИ. Да се направат соодветни протоколи за комуникација се децата. Може многу нешта да се направат“, вели за Фактор Атанасов.

Тој предупредува дека ако се започне наставата од први септември ќе се создаде хаос.

„Децата и родителите не се психички подготвени за новата година. А и пандемијата не се стишува, вели Атанасов.

Според него, добра е препораката на Комисијата за заразни болести дека најважно од се е самите општини да се пребројат и со училишта и со ученици и да се произнесат како може да функционираат, бидејќи секоја општина е во различна фаза со епидемијата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави