Администрацијата на Трамп порача 150 милиони брзи тестови за Ковид-19

Американската лабораторија Абот произвела брз тест за Ковид-19, кој минатата недела доби одобрение за употреба во итни случаи од страна на Администрацијата за храна и лекови. Тестот за само 15 минути дава резултати, при што правилно дијагностицира позитивни случаи на коронавирус приближно 97% отсто.

Администрацијата на Трамп склучи зделка вредна 750 милиони долари за набавка на 150 милиони тестови од Абот, кои ќе се дистрибуират месецов.

Компанијата вели дека го зголемува производството и треба да постигне производство од повеќе од 50 милиони тестови месечно до октомври за да одговори на големата побарувачка.

Од Абот велат дека брзиот тест ја користи истата технологија како тестот за бременост, но наместо да се користат хормони за откривање на бременост, тестот за антиген бара присуство на протеини во плунката или слузта за да открие дали некој е позитивен на КОВИД-19.

Владини претставници велат дека се уверени дека тестот за лесна употреба, кој чини само 5 американски долари, ќе помогне да се намали долгото време на чекање на што се изложени многу Американци оваа година, кога нивните тестови требало да бидат испратени во лабораториите низ целата држава за обработка.

Во моментов, тестот е одобрен само за употреба во канцелариите на лекарите, ургентните установи и училиштата.

Total
0
Shares
Поврзани објави