Бегалец од затвор моли за живот, здраствената состојба му е критична

Дејанче Николоски со месеци моли судот во Прилеп да му даде прекин на казната за да се лекува оти животот му виси на конец. Свесно станал бегалец , односно не се вратил по одобрен прекин во затвор за да се лечи оти во заворот е сигурен дека брзо ќе заврши фатално. Дека затворот во Штип нема услови да го лечи и доколку влезе повторно внатре брзо ќе биде итен случај за в болница потврдува и вешто лице од судска медицина кое направило вештачење на здраствената состојба на Николоски. Во документите до кои дојде dosie.com.mk детално пишува за неговата здраствена состојба која може секој момент да ескалира . Докторот напишал и дека затворот нема никакви услови за негово лекување, ниту лекови, ниту нега , ниту соодветен лекар.
-Се кријам, не можам дома кај семејството , ниту да го видам, ниту да бидам со децата. Ако одам дома и минутка одма ке ме земат и ке ме затворат. Тоа за мене ќе биде крај. Судиите од кои барам трошка човечност се и богови и доктори. Последно што се откри е и камен во жолчка која мора итно да се оперира но каде???, расмислува Дејанче за својата судбина.
-Затворот е коректен и самиот вели немаме услови за лекување, судски вештак вели дека и најмала грешка е фатална за мојот живот . Во затворот нема таблета а не посебна нега која ја бара мојата болест. Но судиите не слушаат. Едноставно со сила те тераат да направиш нешто што не сакаш, зошто немаат трошка човечност , Николоски се прашува и не му јасно зошто мора волку да моли за да се лечи. Очајно бара помош се плаши да не дојде крајот и тропнал на сите врати. За случајот е информиран и Народниот правобранител од каде Николоски го информирале дека пуштиле претставка до затворот, од каде добиле одговор дека не се вратил на доиздржување на казната. Но претставката е на погрешна адреса. Николоски нема проблем со затврот, туку со судот во Прилеп, но за овој дел надлежностите на правобранителот биле ограничени, барем засега така појаснуваат. Но сепак ветиле дека ќе се обидат да го проверат случајот. Николоски апелира и хелсиншкиот комитет да се вклучи и да го истражи неговиот случај. Известување зошто не се враќа во затворот ќе добие и Директорот на управта за извршување санкции.
Вели не бара правда за она за што е осуден иако тврди дека е наместен за убиство кое не го извршил.Излегол од затворот со одлука на судот , кој пак ја приначил одлуката по жалба на обвинителката која пак жалбата ја пуштила со задоцнет рок оти го згрешила судот.
Дејанче Николоски бара да се излечи и не бега од доиздржување на казната , само да се врати кај ќерките жив и здрав.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави