Без свадби, крштевки и матурски за време на корона

Владата денеска го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести околу организирање на настани со музика, односно на сила останува забраната за организирање на свечености од типот на свадби, крштевки, матурски каде што има групирања на повеќе лица.

„На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.“, се вели во соопштението од Владата.

Total
0
Shares
Поврзани објави