Скулптурата бик која беше дел од проектот „Скопје 2014“ со која се фотографираа посетителите на главниот град беше мета на несовесни граѓани. Синоќа некој ја скршил опашката. Градот е надлежен да ја санира штетата, а полицијата да ги бара сторителите. Со оглед дека на улица Македонија има многу продавници и угостителски објекти некоја безбедносна камера го има снимено инцидентот.

