По осум часа во Куманово пронајден исчезнатиот тинејџер од Скопје

Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера.

„Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот“ соопштија од МВР.

Малолетникот ќе биде предаден на родителите.

Total
0
Shares
Поврзани објави