Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Веб-страницата „IQair.com“ секојдневно ги објавува најзагадените градови во светот, а Скопје и денеска се наоѓа во топ-10.

Откако вчера Скопје се најде на третата позиција на најзагадени градови во светот, утринава повторно ситуацијата во главниот град на Македонија е алармантна и според веб-страницата се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

Во топ-10 листата најзагадени градови нема ниту еден друг град од Балканот.

Вчера од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку соопштение информираа дека е евидентно зголемувањето на ПМ 10 честички во воздухот и е надмината среднодневната гранична вредност, но и дека ситуацијата сè уште не е алармантна. Доколку бидат надминати праговите на алармирање за загаденоста на воздухот, од Министерството кажаа дека граѓаните и општините ќе бидат навремено информирани и во сила ќе стапат соодветни мерки.

Total
0
Shares
Поврзани објави