Заев ги охрабрува градоначалниците на Охрид и Струга да ги рушат дивоградбите

Премиерот Зоран Заев го пофали градоначалникот на Охрид, Константин Георгвиевски за рушењето на дивоградбите во општината и покрај тоа што се соочува со закани. Заев го охрабрува Георгиевски да продолжи со работа затоа што има систем кој ќе го заштити и затоа што тоа им го должи на граѓаните.

„Значи Коста, градоначалникот на Охрид дејствува, се надевам дека и градоначалникот на Струга ќе дејствува. Општините се независна власт, ние сме тука да им помогнеме и да асистираме, еве ја О. Чаир даде решение, заклучок, бараше фирма не можеше да најде фирма, индициите викаат дека некој ги заплашува фирмите, ок ги заплашува, државата има право по Закон да ја даде бесплатно својата државна фирма Македонија пат која што ќе му асистира, рушењето го спроведе О. Чаир“, рече премиерот Зоран Заев во вчерашнното гостување на МТВ.

Во врска со дивограбите во Матка, тој вели дека градоначалникот го уверувал дека таму нема ништо нелегално.

„Кога ќе се докажат тие процеси дека е нелегално тој треба да постапи за отстранување, откако се донесе уште 2011 Законот за легализација во преодните одредби има, новото градење на диво има кривична одговорност, не постапувањето од страна на надлежните органи, а тоа е Општината и Инспекторатот, кривично исто одговараат, значи само треба да ги спроведуваме законите„, објасни Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави