На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу еден час за излез од земјава, во Дојран 30 минути

Времето на чекање за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, на граничниот премин „Богородица“ за излез, исто така, се чека околу еден час, а на граничниот премин „Дојран“ се чека околу 30 минути за излез од Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, додаваат од АМСМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави