Битиќи против субвенционирање на вработувањата по етнички клуч во приватните компании

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа коментирајќи го предлогот на вицепремиерот Артан Груби околу мерката да се доделат субвенции за поголема етничка застапеност во приватните фирми.

Професионалноста треба да биде клучен критериум при доделување на помошта, додава Битиќи.

За опозициската ВМРО ДПМНЕ ваквата мерка  е дискриминирачка и неприфатлива.

Предлогот на ДУИ е субвенции да добијат сите приватни компании кои ќе помогнат  во еднаквата етничка застапеност при вработување со образложение дека приватните компании заостануваат во овој дел.

Total
0
Shares
Поврзани објави