Бугарија ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ

Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ поради неисполнување на бугарските услови.

Бугарската министерка за надворешни работи Захариева изјавила дека Софија бара придржување кон формулацијата за јазикот од Договорот склучен во 2017 година, точни рокови за спроведување и јасен текст дека нема македонското малцинство во Бугарија.

„Бугарија во оваа фаза не може да ja поддржи преговарачката рамка со РС Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Предлогот не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма“, ијавила Захариева, пренесува Алсат-М.

По завршување на министрскиот совет, претседавачот Михаил Рот, потврди дека сега не е момент за одржување на првата меѓу владина конференција, бидејќи билатреални спорови неможат брзо да се решат.

„Сакаме да испратиме вистински сигнал кон Западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори“, рече Рот.

Total
0
Shares
Поврзани објави