Бугарија нема да ја одобри сегашната преговарачката рамка

Министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека Бугарија нема намера да ја блокираме Северна Македонија на патот на евроинтеграциите, но инсистира Скопје да го признае минатото како што Софија ја прзинава реалноста.

Захариева смета дека договорот за пријателство може да се примени со добра волја, а двете комисии треба да се состанат за да го следат спроведувањето на договорот.

„Се согласивме за многу работи, вклучително и забрзување на работата на комисијата, како резултат на што, не само што не се забрза, туку и запре. Во секојдневни преговори сме. Темата беше покрената за време на нашето претседателство“, изјави Захариева во интервју за агенцијата БГНЕС.

Таа соопшто дека двете страни преговарат интензивно за да го решат конфликтот, но, останува малку време.

Споре неа, Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во нејзината сегашна форма.

„Имаме време, но тоа е многу малку“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Скопјанец убиен за 10.000 евра: Егзекуторите сметале дека ги предал обвинетите за масакрот кај Смиљковско Езеро

Обвителството за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) вели дека ја разбило криминалната група „Беланоца-Барон“, контрагрупа на „Дуќанчик-Арачиново/Грчец“.…