Булеварот во Дебар се разубавува со донација од иселеник од САД

Дебарската локална власт продолжува со активностите за почист, поуреден и поубав град. Освен со свои сопствени средства, во овие активности учествуваат и иселеници кои живеат во САД.

Таков е случајот со активноста која е во тек, а станува збор за хортикултурно уредување на Булеварот „Илирија“ што се реализира со донација на семејството на дебранецот Турхан Руси, познат бизнисмен во САД, пренесува Обсервер.

-Во тек е хортикултурното уредување на булеварот „Илирија“, како и на двата кружни тека на почетокот и на крајот на булеварот. Ќе бидат засадени 45 садници од видот Catalpa Bungei, 252 Juniperus conferta Blue Pacifis, 150 Abelia grandiflora и шест садници Picea pungens glauca Globosa, информираа од општината. Донација е во вредност од околу 600.000 денари или околу 10.000 евра. Оттаму искажуваат голема благодарност за грижата на семејството Руси за своето родно место, кое иако е преку океан повеќе од пет децении, не го заборава Дебар и редовно донираат за разни поводи. Дебарските иселеници, посебно оние од САД беа најголеми донатори и за време на пандемијата со Ковид-19, кога освен хуманитарна помош за семејства кои имаа потреба од тоа, на повеќе од 100 семејства им ги подмирија долговите во дебарските аптеки, а донираа и средства за дезинфекција на територијата на општината. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

САЛМОНЕЛА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ – најмногу заразени деца во „Владо Тасевски“, родителите го обвинуваат училиштето дека го крие случајот!

Најмногу, пет деца се затруени со бактеријата Салмонела во основното училиште „Влада Тасевски“ во општината Карпош. Како што…