Четириесетина поранешни членови на ИСИС се реинтегрираат во македонското општество

Една од најмалите членки на Глобалната антитетористичка коалиција според бројот на жители, Македонија изработи сеопфатна стратегија за реинтеграција на околу 40 нејзини државјани, повеќето жени и деца, кои изминативе години беа во редовите на терористичката организација Исламска држава (ИД), објави американскиот портал специјализиран за безбедносни прашања „Џаст секјурити“.

Планот, кој е политички, финансиски и технички поддржан од меѓународната заедница, ги опфаќа и терористите кои наскоро треба да бидат ослободени од затвор. Оваа иницијатива на Македонија може да стане модел и за другите западни земји  – оценува порталот.

„Џаст Секјурити“ посочува дека 83 од вкупно 156 македонски државјани кои престојувале на териториите во Ирак и во Сирија што беа под контрола на ИД, веќе се вратиле дома и безбедносните служби внимателно ги следат, па заканата од нив не е голема или е под контрола, барем во догледен рок.

Македонија е меѓу првите земји што изработија национална рамка со мултидисциплинарен пристап за решавање на комплексот ризици и потреби што ги имаат повратниците. Планот е за пофалба од повеќе причини. Тој вклучува повеќе институции и чинители потребни за успех, имајќи ја предвид сложената динамика, како за повратниците, така и за општеството во кое повторно се вклопуваат. На пример, планот ги опишува улогите и одговорностите на различните национални институции, почнувајќи од разузнавачки агенции до здравствени власти кои можат да преземаат функции како што се утврдување дали има доволно докази за гонење на повратник, проценка на нивото на ризик што тој или таа го претставува, оценување на нивните здравствени потреби и слично. Од вака собраните информации потоа се утврдува какви механизми на гонење, советување, социјална поддршка или други услуги треба да бидат преземени – се наведува во анализата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Фотографиите од монструозните злосторствата на Невоља пронајдени кај девојка: Кој ги чувал доказите за убиствата

Вчера вечерта, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговите соработници ги прикажаа сцените кои ја покажуваат сета стравотија…