Членовите на семејството во Лесковац убиени со секира на спиење – пограбани во заедничка гробница

Семејството Илиќ, Предраг, неговата сопруга Даниела и нивните две ќерки, од кои едната беше бремена, погребани се вчера во нивното родно село Граница, во присуство на седумдесетина роднини, соседи и пријатели. На последното испраќање  бил и неговиот брат, кој живеел во Белград и нивните родители, кои најтешко се носеле со незапамтениот губиток.  Смртната тишина ја прекинувале само лелеците на мајката на Предраг, Миланка, која низ солзи ги повикувала синот и внуците.  Погребот на ова тажно семејство го организирал Центарот за социјална работа од Лесковац, бидејќи никој од нивните блиски немал толку пари, а ова семејство и додека биле живи биле корисници на социјално.

Српските медиуми пишуваат како било многу тажно да се гледа огромната гробница во кое било спуштено целото семејство.

– Гробот беше со димензии четири на четири, општината испрати градежна машина  да ја ископа, бидејќи нема кој. Селото е мало и повеќето се стари и немоќни. Ги спуштавме во гроб еден по еден, Предраг, па ќерките, па Даниела, ги  испочитувавме обичаите колку се може, раскажал нивен роднина.

Родителите на Предраг биле занемени од тага и седативи.

– Татко му беше како билка, збор не прозборе, несвесен што се случува. Мајка му беше под силни лекови, тоа се гледаше.  Или братот, кој многу пати досега се обидуваше да помогне да се извадат од бедата. Тагата допрва ќе ги стаса. Мачно беше да се гледа сцената како цело семејство се закопуваат едно по едно. Тоа семејство цел живот имаше маки и проблеми и ете како завршија. Цело семејство да се закопуваат еден по еден, раскажал роднина.

Осомничениот убиец, синот Милош Илиќ е приведен ден по трагичниот настан , откако им пресуди со секира додека тие спиеле.

Total
0
Shares
Поврзани објави