Да и помогнеме на Лидија да не остане парализирана

Пријатели потребни сме и на Лидија!!!

Собрана е само половина од потребната сума. Недостигаат уште 23.000 евра. Но да не застанеме тука, ајде сите заедно да и помогнеме на Лидија. Да не ја оставиме на пола пат. Потребни се 14.000 повици. Дали можеме?

Да ја покажеме хуманата страна и да донираме на отворените донациски броеви
143 121 Телеком
143 474 Вип

Лидија Ристевска, боледува од мултиплекс склероза која е во многу напредната состојба и предизвикува целосна парализа, тешкотии со дишење и многу други проблеми.

Итна е и неодложна само трансплатација со матични клетки за состојбата. Третманот се извршува во Русија и е 45.000 евра односно со сите трошоци над 50.000 евра. Од потребната сума собрано е само 50%. Дали ќе ја оставиме Лидија на пола пат од оваа борба или ќе ја продолжиме борбата заедно?

Да ја спасиме сите заедно Лидија од парализа. Закажаниот третман во месец јуни не се реализираше, бидејќи не беа собрани потребните средства. Дали наредниот ќе се реализира зависи од нас!

Состојбата е доста загрижувачка и пожелно е што побргу да се направи. Нашите 100 денари за Лидија нормален живот значат.

Подадете рака, податете живот.
Од ❤ за Лидија.

Total
0
Shares
Поврзани објави