Даглас сениор 101 година , јуниор 74 , со ѕвезди на Булеварот на славните

Мајкл Даглас (74) доби звезда на Булеврот на славните. Неговиот татко кој има 101 година веќе има иста таква звезда. Најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ за која доби Оскар, на церемонијата беше во присуство на неговиот татко, синот Камерон Даглас (39), сопругата Кетрин Зита Џонс и актерката Џејн Фонда со која играл во „Кинески синдром“, пренесува „Ројтерс“. Даглас глумел во повеќе од 60 филмови и ТВ програми, вклучувајќи ја и полициската серија „Улиците на Сан Франциско“ со Карло Малден, трилерите „Фатална привлечност“ со Глен Глоуз и „Ниски страсти“ со Шерон Стоун.
Даглас е и филмски продуцент, а за филмот „Летот на кукавичкото гнездо“ на Милош Форман со Џек Николсон во главната улога од 1975 година, доби Оскар.
„Имав среќа да бидам дел и класичниот и новиот Холивуд“ – изјави Мајкл Даглас.

Total
0
Shares
Поврзани објави