Со автомобил на средна лента стоеле и гледале каде се преврте автобусот, за малку ќе настрадале од директен судар

Пред малку Мухаметула Изери возач кој патувал од Тетово кон Скопје испрати апел до полицијата да го обезбедуваат местото каде пред неколку дена се преврте автобус во кој загинаа 15 патници. Тој сведочи дека на ова место застануваат возила и го гледаат местото на ужасот но невнимателно ги оставаат автомобилите на автопатот со што ги доведуваат во опасност останатите учесниции во сообраќајот. Еве што Изери напиша за неговото искуство и како успеал да се спаси да не удри во непрописно застанато возило:

Апел до Сообраќајна полиција…Бидете превентивно неколку дена на двата правци на автопатот кај Карпалак за да не дозволите да застануваат на автопат и да гледаат кон местото каде се случи автобуската несреќа…Ќе се случи повторно некоја сообраќајна несреќа! Имав случка пред 3 часа каде возило плава Голф 3 караван со струшки таблици, без никаков знак, целосно застана на средна лента за да гледаат во местото каде се случи несреќата, не сметајќи дека се движат возила со 100 -120 км на час…за да избегнам директен судир со 85 км на час, се извртев неколку пати на сред автопат, без да предизвикам штета…За истото имаше сведоци од позади возила што доаѓаа, а типот излезе од возилото изгубен во време и простор  Ве молам внимавајте возачи!!

Total
0
Shares
Поврзани објави