Денеска нема одлука во Брисел за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ на денешниот Совет за општи работи извесно е дека нема да ја усвои рамката за преговори со Македонија и Албанија бидејќи се учекува Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Македонија поради билатералните несогласувања.

Германија, како претседавач со Европската унија заедно со Европската kомисија, сѐ уште ги продолжуваат напорите за надминување на разликите до крајот на оваа година.

Бугарија засега нема намера да попушти за барањето да се вметне билатералниот спор во ЕУ процесот со Македонија, барање кое нема поддршка од другите земји членки на ЕУ.

Во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања“, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје.

Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање.

Total
0
Shares
Поврзани објави