Судиите Весна Димишкова и Владимир Панчевски се најсериозните кандидати за нов претседател на Основен суд 1 во Скопје кој ќе се бира за една недела. Според сознанија на dosie.com.mk овие кандидати од вкупно пријавените осум водат жестока битка за првото место на Кривичен.
Димишкова се прослави со тоа што го потпиша налогот за влез на Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што, за СЈО, се обезбеди пристап и до системите за прислушување.
Панчевски пак постојано е под удар на јавноста и силна хајка против него без правосилна пресуда или истрага за наводни малверзации со АКМИС системот за распределба на предмети во судот. Судијата Димишкова последните десетина години работеше во одделот за предмети од организиран криминал, а Панчевски од овој оддел стана Претседател. Судијата Ѓоко Ристов исто така доаѓа од овој оддел и долго време работеше во петорка со Димишкова.
Судијата Димишкова последна се пријави на конкурсот и тоа доставувајќи документација по пошта. Пред неа освен Панчевски, конкурира и судиите Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска и Осман Шабани. Нивните имиња се слушнаа во јавноста по предметите кои ги работеа, но и по турбуленциите кои се случија во Кривичен по протестот и незадоволството на дел од судиите од раководењето на судот од поранешниот претседател Панчевски. Еден од нив е Иван Џолев кој во кавга со Панчевски преку соопштенија до медиумите изнесуваа детали околу работата на судот. За оваа недела пак се очекува кандидатката за претседател Верка Петковска да ја соопшто пресудата за случајот ”Диво Насеље”. Судијата Ивица Стефановски го пресуди “Монструм”, односно предметот со убиството на момчињата кај Смилковско Езеро.
Поврзани објави
Љубе во затворот чувствувал срам, Мијалков праша дали оти бил фатен со 100 000 евра
На денешното рочиште за случајот „Тортура“ сведочи затворскиот психијатар Мирко Треневски, кој зборуваше за психичката состојба на Љубе…
“Диво Насеље” – God Bless Amerika извикуваа осудените, се бараат политичарите в судница
Последната информаци од полицијата е дека маж кој се закани пред судот дека има динамит всушност на појасот…
Еден поздрав во судница : Бошкоски вели Мијалков сака да му се извини, вториот тврди тоа беше бон тон
Во судската сала Сашо Мијалков и Љубе Бошкоски денеска се сретнаа и поздравија. Нивното ракување Бошкоски го презентира…
ЕКСКЛУЗИВНО : Мери Дика по влашка линија нов претседател на Апелација?
Вчера Судскиот совет на седница избираше член на советот на местото на Беќир Шаини. Избран е Сашо Ѓеоргиев…