Докторката на лекување – ќе биде разрешена, нови 8 сомнителни се испитуваат

Министерот Венко Филипче на нова вонредна прес конференција појасни дека сите 103 лекари кои биле со докторката на симпозиум и им е дадена препорака за домашна изолација. Известено е и грчкото министерство за Здраство за гостите од Грција на симпозиумот.

Директорката е на клиника на лекување, а двајца членови од нејзиното семејство се во изолација.

Поради неодговорноста првата можност докторката ќе биде разрешена од функцијата. Поради тоа што е предизборен период ова ќе се случи првата можна прилика, потврди министерот. По изборите сите институции ќе ги превземат соодветните мерки оти за пропустот што го направила може да сноси кривична одговорност.

И директорката од Кумановската болница била во Италија но таа откако се вратила не е оди на работа.

Пациентите од Кожно и лекарите се на домашен карантин, а Клиниката е затворена.

Нови осум пациенти се сомнителни, двајца брачен пар кои биле во Бугарија, еден патник од Сингапур, четворица од Дебар и еден од Гевгелија.

Total
0
Shares
Поврзани објави