Џафери: Пратеничката апанажa не е 100 илјади денари, ДКСК да се извини

Спикерот Талат Џафери побара од членовите на Државната комисија за спречување корупција да се извинат за тврдењето дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари.

Џафери смета дека има право да бара одговорност од антикорупционерите затоа што нив ги бира Собранието.

Катица Николовска член на Антикорупциската комисија соопшти дека од вкупниот број на 107 лица кои користеле апанажа, 29 доаѓаат од Влада, а 78 од  Собрание.

Од нив  89 лица по користење на апанажата се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. Додека 18 лица по престанокот на апанажата не се вработиле.

Седум пратениците се вратиле на претходното работно место, но дури откако биле на еднагодишна апанажа.

Николовска тврдеше износот на апанажата за функционерите од Влада изнесува околу 71.000 денари, а на бившите пратеници е околу 100.000 денари.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Јанева си заминува: Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СJO и Европските интеграции на мојата земја

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка и соопшти зошто тоа го прави. Во продолжение целото писмо до…
Повеќе

Македонците без визи во САД?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, формираше работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна…