Еден ден со Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР”

Досие помина еден ден со Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” кои откако почна кризата во државата носат донации на стотици сиромашни семејства кои немаат да купат намирници за овие тешки денови додека владее корона вирусот и вонредната состојба во државата. Многу семејства немаат пари , немаат работа, затворени фабрики, сиромаштија која се бори секој ден за корка леб но во овој период не може ни корката да ја обезбедат.

Но луѓето од Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” и покрај опасноста од вирусот не останаа дома. Ништо не ги запре да дојдат до домовите на оние кои се едноставно заборавени. Не е важно дали се Македонци, Роми, Албанци – сите се луѓе и никој не смее да остане гладен.

Денот на Мери , Благоја, Крон, Александар, Енвер почнува многу рано. Пакуваат стотина пакети храна , вреќи брашно , овошје , ориз , паштети, месни нарезоци и други намирници за секој да добие доволно да преживее одреден период. Донациите се од несебична поддршка од пријателите на Здружението.

Насмеани и среќни лица кои влеваат голема доверба која во овие тешки времиња е само дополнително нешто кое оние кои ја примаат донацијата им го прави моментот посебен. Здрyжението беше во неколку градови низ државата, а Досие патуваше со нив во Пробиштип, помина и во Штип, се испратија пакети и во повеќе околни населени места.

Здрyжението подаде рака , а она кое им го наполни срцето е искрената радост на семејствата кои не ја криеа радоста дека некој се сетил на нив, а на крај како што е вообичаено постарите ги испратија хуманистите со благослов и големо благодарам.

текст фото видео : dosie.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Откриено од каков вид на рак почина Саша Поповиќ – една од најподмолните и најопасни болести – неговите последни зборови биле: Лошо сум, но се борам

Саша Поповиќ почина вчера во Париз на 70-годишна возраст, опкружен со сопругата Сузана и потесното семејство. Саша Поповиќ…