EКСКЛУЗИВНО: Пет осомничени зборуваат, еден молчи во истрага за убиството на функционер на ДУИ од Куманово

Тетовското обвинителството започнало со распит на осомничените за бркотницата и убиството на Наим Реџепи од Куманово кој пред неколку недели беше застрелан во Малата Речица. Во пукањето се ранети уште две лица кои се во болница и се опоравуваат од повредите.
Обвинителството за пукањето сомничи 12 лица од кои во четвртокот половината биле сосолушани. Пред обвинител биле донесени 6 осомничени. Петмина зборувале и објаснувале што се случувало пред седиштето на ДУИ и на местото на пукањето. Шестиот се бранел со молчење. Според нивните искази како што дознава dosie.mk до сега не се спомнати партии или кавга околу партиски недоразбирања. Тоа ќе треба да го одговорат останатите шестмина кои ќе бидат сослушани во текот на следната седмица, односно оние кои ги пресретнале и им го блокирале патот на сега убиениот и останатите. Тие ќе треба да дадат појаснување зошто е тоа сторено за да се утврди евентуален мотив и дали зад пукањето стои приватна или партиска кавга.
Сите се осомничени за кривично дело убиство и тоа став три кој предвидува убиство извршено на повеќе од едно лице. Но си оглед дека повредените преживеаа, во текот на истрагата можно е да има и прецизирање на наводите на обвинителот кој го работи предметот, инаку познат поранешен виш јавен обвинител.
Во престелката беше убиен Наим Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ. Тој и другите учесници во инциндентот не биле во партиското седиште, но таму биле присутни нивни познаници и приврзаници, со кои биле во комуникација.
Засега медиумите се уште неофицијално тврдат дека причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски фунцкионер, а другата се поврзува со актуелен член на Советот на Општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на интегративците.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави