Двајца судии од Апелациониот суд во Гостивар решавале кривични предмети со боксови, дознава Досие. Според нашите информации се работи за судии албанци кои минатата среда во просториите на судот започнале жестока расправија околу одлучување за одредени кривични предмети . Расправијата толку многу се вжештила што во еден момент едниот судија почнал насилно да се однесува и го нападнал постариот колега . Силно го удрил во глава и лицето. Удрениот судиија вознемирен и со модро лице набрзина излегол од судот.
Тепачката брзо завршила оти биле присутни и друго вработени кои ги спречиле судиите физички да се пресметаат. Но интересно натепаниот судија по кратко време изкористувајчи ја редовната пауза се вратил во судот и продолжил да работи.
Судијата кој го нападнал постариот колега според извори на Досие и досега бил пријавуван за насилно однесување, тепање, учество во обида за убиство, присилба спрема правосуден работник.
Судиите важат за блиски луѓе на двајца градоначалници и член на Судскиот совет.
Институциите засега молчат за овој голем инцидент во судот во Гостивар.
Related Posts
Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка
Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“.…
(ВИДЕО)Боки 13 топ дотеран во свој стил донесен да гледа докази
Бојан Јовановски денеска прв пат ќе ги види доказите на Обвинителството во врска со истрагите против него заради…
Кривичен под полициска опсада, Чавков осомничен за дела против државата
Кривичниот суд во моментов го обезбедува силно полициско обезбедување кое е распоредено на сите приоди до судот. Полицијата…
Ченто останува во притвор
Тричлениот кривичен совет на скопска Апелација ја одби жалбата на обвинетиот за собраниските насилства, Јане Ченто, да му…